Дома Спорт Српски медиуми: Веселин Вујовиќ се враќа во Вардар

Српски медиуми: Веселин Вујовиќ се враќа во Вардар

Loading...

Откако ќе ја заврши сезоната во Борац, Веселин Вујовиќ ќе се пресели во Вардар, тврди српскиот медиум Мондо.

Тој му соопштил на раководството на босанскиот клуб дека нема да ја продолжи соработката бидејќи има договор со Вардар.

Неодамна во интервју за „24 ракомет“, првиот човек на Вардар, Михајло Михајловски меѓуредови го најави доаѓањетот на Вујо.

Вујовиќ од БиХ нема да дојде сам, тој ќе го донесе и 19-годишниот лев бек Милош Кос кој е висок 190 сантметри и е ракометар на Извиѓач. Оваа сезона постигна 120 голови во 25 кола од босанската Премиерлига.

Враќањето на Вујо е добра вест за фановите на Вардар за кои тој е вистинска легенда на клубот.

Loading...