Дома Македонија Ванковска: А тефтерчињата на Јанкулоска ги заборавивте?

Ванковска: А тефтерчињата на Јанкулоска ги заборавивте?

Loading...

Статус на Билјана Ванковска: „Во врска со „рамковните вработувања“, малкумина го забележаа фактот дел дел од нив се „решени“ бидејќи веќе заминале во пензија! Ајде уште малку, па сите ќе ги „решат“ – би помислил човек.

Но, не е така! Рамковните вработувања се дел од континуирана политика во секоја коалициска влада во која учествува ДУИ, тоа е дел од пакетот и условот за формирање влада.

Тефтерчињата на Гордана Јанкуловска ги заборавивте? Уште тогаш велев дека тоа не е продукт на некаква самоволна политика на тефтерчиња, туку системски дефект на консоцијациската (божем) демократија која обезбедува мир во куќа со споделување на власта (power sharing) меѓу македонските и албанските елити.

Во таквите системи, картелот на етнички лидери функционира со пазарење, со тефтерчиња, со уцени, и зад очите на јавноста, без почитување на принципот на владеење на правото (бидејќи правото ја ограничува политиката, тоа му е главната функција) и без мерит систем.

Од ваквата политика не само што страда целото општество (плаќаме паразити и неспособници, а и нетрпеливоста расте меѓу народот, додека елитите се во голема љубов со привилегиите на власта), туку најмногу и албанската заедница. И во неа не се есапат најдобрите и најспособните, туку оние со партиски книшки и блиски односи со лидерите (послушниците).

Единствената разлика со вработувањата во македонската заедница е што овие барем мораат да одат на работа, дури и ако се таму за да климаат со главата или да клатат врата.

Без мерит систем, систем на конкуренција на квалитетот и заслугите, нема држава. Има племенска заедница на некадарници и вождови, која ќе потрае само додека има странски кредити и задолжувања. После нив – потоп!“

Loading...