Дома Македонија Таман помисливме дека состојбата се смирува, денес повторно голем број упокоени

Таман помисливме дека состојбата се смирува, денес повторно голем број упокоени

Loading...

Министерот за здравство Венко Филипче, денес на социјалните мрежи ја објави најновата состојба со ковид-19, при што може да се забележи голем број поч инати.

Овој пролетен бран почна да се смирува, но очигледно платото ќе потрае, па поради тоа, граѓаните мораат ревносно да ги почитуваат мерките. Еве го извештајот кој го објави министерот:

„Во последните 24 часа се направени 2.865 тестирања, а регистрирани се 627 нови случаи на КОВИД-19.

Пријавени се вкупно 47 починати лица: 22 од Скопје (45г, 52г , 57г, 58г, 60г, 61г, 62г, 63г, 63г, 65г, 68г, 68г, 69г, 76г, 77г, 81г, 82г, 82г, 82г, 82г, 83г и 89г), 3 починати лица од Берово (71г, 72г, и 78г), по 2 од Кавадарци (61г, и 82г), Битола (53г и 73г), Прилеп (58г и 78г), Куманово (45г и 66г), Тетово (72г и 78г), Радовиш (60г и 70г), Струга (68г и 92г) и Охрид (49г и 72г) и по 1 лице е пријавено од Велес (83г), Неготино (80г), Штип (83г), Струмица (79г), Кочани (44г) и Кичево (70г). *Од нив 15 лица, се починати во тек на март месец во една приватна клиника, а истите се пријавени денеска.

Регистрирани се 765 оздравени пациенти. Досега во земјата се направени вкупно 698.132 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 148.618, бројката на оздравени пациенти е 125.593, на починати е 4.556, а бројот на активни случаи изнесува 18.469.“

Loading...