Дома Македонија Шекеринска се повлекува од функцијата втор човек во СДСМ?

Шекеринска се повлекува од функцијата втор човек во СДСМ?

Loading...

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска, која е актуелен заменик претседател на СДСМ, вели дека нема повторно да се кандидира за високата партиска функција на претстојниот конгрес на 16 мај, пренусува порталот сдк.мк

„Тука не се гласа доверба, за некој да ја зачува позицијата, туку практично одиме со изборен конгрес. Во тек се процедури на предлози на општинските организации. Добив прашање од мојата општинска организација дали сум кандидат, кажав дека не сум, затоа што сметам дека навистина и СДСМ, меѓутоа и политичката сцена на Република Северна Македонија, одат напред кога постојано продуцираат нови кадри.

Апсолутно, пристапот кон конгресот ни е да формулираме нови политики, а тие да бидат и подобри“, кажа Шекеринска, одговарајќи на новинарско прашање за конгресот на СДСМ, на денешното примопредавање на донација за армијата на униформи од Турција.

Шекеринска беше прашана и за амбасадорското место во САД, но рече дека нема воопшто дискутирано на таа тема и дека веќе е заморена од шпекулации.

Loading...