Дома Македонија Ванковска: Верче спасила животи, но никој не прашува зошто нејзиниот живот не...

Ванковска: Верче спасила животи, но никој не прашува зошто нејзиниот живот не можеле да ѝ го спасат животот

Loading...

Билјана Ванковска: „Верче спасила животи, но никој не прашува зошто нејзиниот живот не можеле да ѝ го спасат животот: возилото на брза помош стасало после цели 40 минути!!!

Важно, сега веќе никој не се скандализира и Верче не ја споменува како жртва на сообраќајка со сторител кој побегнал од местото на настанот, бидејќи јавноста е дефокусирана на хуманиот чин на донирање. И на медицинските успеси/трансплантации на хирурзите…

Верче во најмала рака заслужува правда: и казна за сторителот и одговорност што здравствениот систем не реагирал навреме.

П.С. Донаторството на органи е благородна работа, но сега нема да ја отворам, бидејќи според најновите прописи СИТЕ сме претпоставени донатори, никој не не’ прашува, така уредила државата.

Ако некој не сака, треба за време на живот тоа да го каже пред нотар. Во нормални држави, желбата да се биде донатор на органи по см -ртта се дава доброволно и се регистрира кај надлежен орган и се бележи во, на пример, возачките дозволи или на друг начин за да системот има евиденција во случај на потреба.“

Loading...