Дома Македонија Филипче објави слика со Иле, момчето кое пред два дена доби ново...

Филипче објави слика со Иле, момчето кое пред два дена доби ново срце

Loading...

Министерот за здравство Венко Филипче, на својот профил на социјалните мрежи, објави слика со Иле, момчето на кое пред два дена му беше трансплантирано срце:

„Неполни два дена по операцијата која му го спаси животот, младиот Иле полека заздравува на Клиниката за кардиохирургија.

Бескрајно благодарен на тимот на лекари кои помогнаа да добие нова шанса за живот и пред се на семејството на младата девојка чие срце денес чука во неговите гради.

Му посакувам што поскоро да закрепне и да се врати дома кај неговото семејство“, напиша Филипче.

Loading...