Дома Македонија Мицкоски: Претседателе Пендаровски, доста се криеш, бекни нешто

Мицкоски: Претседателе Пендаровски, доста се криеш, бекни нешто

Loading...

По денешните настани во Собранието, кога двајца позитивни на вирусот пратеници дојдоа со скафандери и гласаа, а што предизвика низа полемики во јавноста, лидерот на најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на социјалните мрежи му се обрати на Претседателот Стево Пендаровски:

„Претседателе Пендаровски, доста се криеш, бекни нешто. Застани зад правото, законите и Уставот.

Тоа што Заев дозволил да биде заложник на Талат Џафери, тоа што пратениците од СДСМ одлучија да бидат слуги на инаетот и фрустрацијата на еден човек, нека биде нивен срам, ти имаш можност барем еднаш да покажеш дека си достоен за функцијата која ја извршуваш и не ги потпишувај законите кои се резултат на оваа седница.

Пратеничката група на коалицијата за Обнова на Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривични пријави за сите оние кои денес го прекршија законот поради инаетот и фрустрацијата на еден човек, а обвинителството има можност првпат да покаже дека не се робови на Зоран Заев и владиното мнозинство.

Правда ќе има со ова или некое друго ослободено обвинителство. Сторителите ќе одговараат, Ви ветувам лично дека тие ќе одговараат од прв до последен.“

Loading...