Дома Македонија Бранот стивнува, Филипче со позитивни вести

Бранот стивнува, Филипче со позитивни вести

Loading...

По неколкунеделното покачување на бројот на нови позитивни и што е поважно, преполнување на болниците, се чини дека овој пандемиски бран стивнува.

Тоа го покажува најновиот извештај за изминатото деноноќие, кој го објави министерот за здравство, Венко Филипче:

Во последните 24 часа се направени 3.616 тестирања, а регистрирани се 908 нови случаи на КОВИД-19.

Пријавени се вкупно 31 поч инати лица: 11 од Скопје (89г, 84г, 76г, 75г, 72г,72г, 70г, 68г, 62г, 51г, 48г), по 4 од Прилеп (87г, 83г, 82г, 68г) и Кичево (81г, 70г, 60г, 59г), 3 од Битола (68г,62г, 61г ), по 2 од Тетово (80г и 60г) и Охрид (84г и 80г), по 1 починат од Велес (82г), Кавадарци (82г), Струга (76 г), Свети Николе (88 г) и Македонски Брод (73г).

Регистрирани се 732 оздравени пациенти. Досега во земјата се направени вкупно 684.888 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 145.909, бројката на оздравени пациенти е 121.439, на починати е 4.388, а бројот на активни случаи изнесува 20.082, напиша Министерот Филипче на социјалните мрежи.

Loading...