Дома Балкан Се упокои бугарскиот новинар кај кого Љубчо Георгиевски најчесто ги даваше своите...

Се упокои бугарскиот новинар кај кого Љубчо Георгиевски најчесто ги даваше своите интервјуа

Loading...

Познатиот бугарски новинар Георги Коритаров (61) по чинал како последица на ковид-19, пренесуваат бугарските медиуми.

Коритаров ѝ беше познат на македонската јавност бидејќи често во неговата емисијата „Слободна зона“ му гостуваа македонски јавни личности, меѓу кои и политичари. Негов чест гостин беше поранешниот македонски премиер Љубчо Георгиевски.

Тој важеше за добар познавач на односите меѓу Бугарија и С Македонија, а активно ги следеше и последните случувања на релација Софија-Скопје.

Доајенот на новинарството нè напушти вечерва на 61 година. Коритаров ќе остане запаметен по неговите остри изјави и непоколебливи мислења. Тој беше човек кој веруваше во моќта и значењето на зборот, пишуваат Новините.бг.

“Драги пријатели, Не знам точно како се соопштуваат такви вести. Не знам што е кажано, не знам како да го сфатам ова, не знам како да живеам со тоа. Вчера се смеевме во етерот. Денес дознавам дека повеќе нема да се видиме. Ние нема веќе да зборуваме. Ние нема веќе да се расправаме.

Нема да размислуваме заедно, да работиме заедно, да читаме и да пишуваме заедно. Среќен сум што бев мал дел од животот на овој голем човек. И тој од мојот. Ќе се обидам да се насмеам секогаш кога ќе помислам на него. Но, тешко дека ќе успеам “, напишал Харизанов на ФБ.

Loading...