Дома Македонија Се огласи Никола Груевски: Никогаш во животот не сум влегол во хеликоптер

Се огласи Никола Груевски: Никогаш во животот не сум влегол во хеликоптер

Loading...

Премиерот Зоран Заев во вечерашното интервју на Канал 5 рече дека ги слушнал критиките од граѓани за денешното летање со хеликоптер до Прилеп, но вели дека леталото секако морало да лета за да ги исполните часовите, а и било поевтино отколку да патува со автомобил при што треба да го следат и уште два други автомобили.

-Видов дека граѓаните реагираа. Пилотот и леталото мора да летаат макар и празни, часовите мора да ги исполнат. Јас не бев приватно во Прилеп, бев службено.

Хеликоптерот троши помалку од Заев и две коли кои го следат. Ја исполнив мојата агенда. Леталото и пилотот мора да ги исполнат часовите. На времето Груевски одеше приватно до Грчка со хеликоптери, па беше мк.

Јас давам секогаш одговори. Никој не ме прашува дали сакам, можеби ми е страв. Трет или четврти пат го користам хеликоптерот за службени потреби, откри Заев, а пренесе Фокус.

Предмалку на социјалните мрежи, кусо се огласи Никола Груевски, кој напиша:

„Никогаш во животот не сум влегол во хеликоптер.“

Loading...