Дома Македонија Богдан Илиевски: Ќе треба да одиме во планина за да уплатиме „кец...

Богдан Илиевски: Ќе треба да одиме во планина за да уплатиме „кец у кец“ на Челзи

Loading...

Богдан Илиевски ги коментира предлог законските решенија за обложувалниците:

„Законодавецот и покрај силните реакции на организаторите на игри на среќа се определи да предложи да ги оддалечи 500 метри од училиштата деловните деловните простории во кои се приредуваат игри на среќа во обложувалница и автомат клуб, томбола од затворен тип и електронски игри на среќа.“

Ете, се отвораат нови можности за планински туризам за обложувачи. Одиш во планина да уплатиш 50 денари на Челзи кец во кец.

Наредно, треба да има некакви жолти ѕвезди за тие кои уплатиле ливче во кладилница, бидејќи се бесрамници и неблагодарници на кои не им е доволно покачувањето на минималната плата за 240 денари па морале да си поиграат со среќата и да уплатат ливче во кладилница.

Но, тоа не е се. Не само што се става „ограда“ од 500 метра околу школите (бидејќи сепак 500 метра се преголем залак за младите кадилничари), туку и за онлајн кладење лиценцата рипа од 40 на 500 илјади евра!

Јас немам апсолутно појма колку пари праат кладилниците и што за нив значат 40 или 500 илјади евра, ама знам дека како на човек кому му било мерак да уплати 100 денари за викенд, ми ускратуваат една релакс-занимација со изузетно глупи мерки, особено бидејќи не читам дека во радиус од 500 метри нема да смее да се уплати лото или да се изигра грепка. Или пак тоа смее и не е игра на среќа/обложување, а да се кладиш на фудбал е гр ев?

Што ви е луѓе, сериозно? Има ли некој едно здраворазумско објаснување на овие ше рија -тски мерки?“

Loading...