Дома Балкан Во Србија приведени антиваксери – ширеле лаги и невистини

Во Србија приведени антиваксери – ширеле лаги и невистини

Loading...

Поради кривично дело ширење страв и паника рано утрово прво била уапсена докторката Јована Стојковиќ, една од водачите на антиваксерското лоби и претседателка на движењето „Живеам за Србија“, пренесува мкд.мк

Меѓу приведените противници на вакцинирање во пандемија на коронавирус е и сестрата на поранешните кошаркарски репрезентативки Ана и Милица Дабовиќ, Јелена Дабовиќ, која била испрашана на Одделот за борба против организиран криминал.

Во Обвинителството за високотехнолошки криминал (ВТК) неофицијално се дознава дека „поради лажни тврдења“ на социјалните мрежи и во јавноста за вакцини и вакцинации, биле приведени пет лица, јавуваат белградските медиуми.

Во исто време, лекарите предупредуваат на големиот притисок од пациентите со сериозна клиничка слика и на екстремно тешката состојба во ковид-одделенијата во болниците низ Србија.

Постојано високиот број на новоинфицирани, според тврдењата на српските експерти, може да ја загрози кампањата за вакцинација, која и покрај дадените повеќе од 2,3 милиони први дози и над милиони ревакцинации, не оди со очекуваното темпо. Од кампањата за вакцинација се очекува до половина година да има голем ефект во создавањето колективен имунитет.

Шефот на Дневната болница на Градскиот институт за белодробни заболувања во Белград Дејан Жујовиќ смета дека „и на противниците на блокадите и на оние кои ја негираат короната и на оние кои ги негираат маските и вакцините потсвесно им е јасно“ дека ќе биде неопходен консензус за целосно затворање „барем на две недели“.

Целиот текст прочитајте го на мкд.мк

Loading...