Дома Македонија Се огласи Филипче: Изненаден сум од изјавата на Пендаровски

Се огласи Филипче: Изненаден сум од изјавата на Пендаровски

Loading...

По денешната седница на Советот за безбедност, претседателот Стево Пендаровски ѝ се заблагодари на Србија за вакцинирањето на македонски граѓани изминатиот викенд, но рече дека тоа е срам на за нашата држава.

„Гледавме слики од викендов во Србија, такви слики не смеат да се повторат. Благодарност за Србија, но тоа е срам за државата“, кажа Пендаровски.

Предмалку на својот профил на социјалните мрежи се огласи Министерот Филипче, кој рече:

„Изненаден сум од изјавата на претседателот Пендаровски, сликите од Србија не се срам, тоа е одраз на солидарност во услови на криза.

Покрај нашите граѓани се вакцинираа и граѓани на соседните земји, но ниеден претседател не рече дека е тоа срам за неговата земја. Владата прави максимални напори да обезбеди вакцини, а вакцинацијата започнува веќе од утре.

Претседателот на државата како институција исто така би требало да игра значајна улога во сите овие процеси на набавки. За жал, конкретна поддршка од Пендаровски изостана.“

Loading...