Дома Македонија Се огласија синовите на Сашо Мијалков: Ние двоевме, не сме биле вмешани...

Се огласија синовите на Сашо Мијалков: Ние двоевме, не сме биле вмешани во тепачка

Loading...

Синовите на браќата Мијалкови по инцидентот што се случи во Дебар Маало до медиумите испратија пишана изјава во која демантираат дека претепале момче и биле приведени во полиција, пренесува порталот мкд.мк

Во информацијата тие наведуваат дека биле свесни „дека презимето кое го носат предизвикува внимание во медиумите и јавноста“, но тоа не ја намалувало обврската за професионално известување и пренесување на двете страни.

„Во петокот вечерта со неколкумина пријатели бевме излезени во кафуле во Дебар Маало. Околу 20.45 часот еден од пријателите од нашето друштво имаше расправија со девојката, после која беше нападнат од неколкумина нејзини другари. Еден од нив, кој делуваше дека е под дејство на алкохол, извади и боксирач и удираше со него.

Ние двајцата ги двоевме двете групи и се обидувавме да ја смириме ситуацијата за да не ескалира. Откако момчињата од двете групи излегоа надвор, лицето кое имаше боксирач продолжи да напаѓа, а ние се трудевме да спречиме некој да биде повреден.

За жал, нашиот пријател се здоби со три расекотини на главата од боксирачот на тоа момче. Подоцна разбравме дека токму напаѓачот е тоа 19-годишно момче кое го пријавило настанот“, велат Мијалкови.

После случката, како што пишува во информацијата, заминале дома, а нивниот пријател побарал медицинска помош.

Тие тврдат дека вчера не биле приведени, туку биле повикани од полицијата за да дадат исказ во врска со настанот и кажале што и како се случило.

Но, според нив, еден од нивните пријатели вчера и натаму добива закани на мобилен. Исто така вчера Филип (синот на Влатко Мијалков) бил нападнат од истата група на момчиња кои што со шипки и пендреци удирале по колата во која што седел. Нападот бил пријавен во полиција.

Извор: мкд.мк

Loading...