Дома Магазин Млад македонски диџеј достигна 1 милион стримови на Spotify

Млад македонски диџеј достигна 1 милион стримови на Spotify

Loading...

Филип Мајсторски или Avensis е младиот електронски ДЈ и Продуцент кој што со сигурност можеме да кажеме дека е еден од најработливите артисти во моментот.

Аvensis овојпат не изненади со тоа што тој сподели супер вест со своите фанови, а тоа е дека ја помина бројката од 1.000.000 стримови на музичката платформа Spotify.

На само 21 година а веќе помина 1.000.000, две турнеи во Норвешка, реализирани веќе 10 изданија, подршка од светски артисти и постојана работа на нова музика е доказ за мотивацијата и амбициозноста што ја има овој млад артист.

Авенсис постојано работи на нова музика, со ова темпо на работа дефинитивно можеме да кажеме дека на Аvensis му претстои добра иднина во музичката кариера, која веќе може да се забележи во неговиот квалитет и напорната работа што ја вложува во музиката.

Аvensis истотака има направено своја преработка на добро познатата руска песна “ Детство “ која што остави добар впечаток на слушателите.

Аvensis веќе има потврдени неколку изданија со големи артисти, до тогаш на нас ни преостанува да слушаме и уживаме во веќе издадената музика.

Avensis на 26 март го издаде своето ново издание “She Wants” кое што уште од првиот ден се најде на едни од поголемите плејлисти на Spotify кои што се во сопственост на : BBC Radio 1, Kiss FM UK, Trap Nation, House Nation, Protocol Recordingsкој што е во споственост на Nicky Romero, Revealed Recording кој што е во сопственост на Hardwell и уште многу други. Сето ова е доказ дека напорната работа, мотивацијата, амбициозноста и вложениот труд се исплаќа.

 

Loading...