Дома Македонија Венко: Од среда започнуваме со масовна имунизација

Венко: Од среда започнуваме со масовна имунизација

Loading...

Министерот за здравство Венко филипче, на својот профил на социјалните мрежи, објави дека со денешното пристигање на вакцоините од Астра Зенека и поминувањето на стандардната административна процедура, од среда ќе почне масовната имунизација.

Тој се соврна и на поканата од Србија за имунизација на многу Македонци:

-Ова е уште еден пријателски гест на Србија не само кон нашата земја туку и кон сите соседни земји. Денес освен нашите граѓани се вакцинирале и граѓани од Црна Гора, БИХ и тоа е за поздравување.

Во моментов кога борба буквално за вакцини, апсолутно секоја вакцина треба да се искористи и не треба да се дозволи да помине рокот или да се уништи.

По утрешното пристигнување на пратката од 24.000 дози вакцини на АстраЗенека преку Ковакс механизмот, масовната вакцинација во Македонија ќе започне во среда. Во текот на месец април очекувам да пристигат и кинеските вкацини како и вакцините преку ЕУ системот на солидарност, рече Филипче.

Loading...