Дома Балкан За вакцинирани крената рампа, за сите останати негативен тест – Србија воведе...

За вакцинирани крената рампа, за сите останати негативен тест – Србија воведе ново правило за влез на нејзина територија

Loading...

Сите претходни мерки остануваат во сила, одлучено е денес на седницата на Кризниот штаб на Србија. Усвоени се и нови мерки: учениците во помали групи ќе можат да доаѓаат на училиште, да ги корегираат своите оценки и да се оценуваат, а влезот во Србија ќе биде можен со уверување дека ќе ги примат двете дози на вакцината.

По седницата на Кризниот штаб, на која беше анализирана моменталната епидемиолошка состојба во Србија и беше констатирано дека сегашните мерки даваат резултати, рече покраинскиот секретар за здравство, Зоран Гојковиќ.

По седницата на Кризниот штаб, Гојковиќ во изјава за печатот рече дека сè уште има голем број новозаразени граѓани.

Србија ги заострува правилата за влез во државата. Кризниот штаб донесе одлука според која од денеска непречен влез во Србија без разлика дали станува за нивни државјани и странци ќе имаат само вакцинираните додека останатите мора да приложат негативен ПЦР тест.

За сите лица од Србија или странство кои ги примиле двете дози од „Спутник“, „Фајзер“ или „Синофарм“или пварата од „Астра Зенека„ рампите на граничните премини се подигнати, за останатите задолжителен двонеделнен карантин.

Кризниот штаб ги продолжи рестриктивните мерки а тоа значи дека угостителските објекти и трговските центри во Србија остануваат и понатаму затворени.

Loading...