Српските медиуми вчера објавија дека прославениот актер и поранешен српски министер за култура, според исказот на Штајнфелд, ја силувал во неговиот автомобил кога таа имала 21 година. Таа вели дека не е единствената жртва на сексуалните напади на Лечиќ.
На аудио снимката која ја снимала самата актерка и која сега е предадена во Јавното обвинителство како доказ во постапката против актерот, се слуша како тој и сега 37-годишната Штајнфелд зборуваат за нивниот однос, за кој актерката вели дека не дала согласност.
Лечиќ ѝ објаснува дека тоа не било понижување, како што вели таа, туку негов начин на искажување на нежност.
Тој ѝ кажува и дека таа требала да биде почестена што тој се интересирал за неа на таков начин, наместо да се чувствува загрозена.