Нашата земја мака мачи како да дојде до вакцини, но со истиот проблем се соочуваат и многу поразвиени земји од нашата.
Процентот на имуназиција не е многу висок ниту во една Германија, Италија, Австрија. Како и да е, Ковакс механизмот најверојатно ќе обезбеди поголеми количини за земјите членки на ЕУ, а потоа за посиромашните земји.
Како да се обезбедиме со дози дотогаш, советува д-р Нико Беќаровски, кој им се обрати на своите колеги Бујар Османи и Венко Филипче:
„Денес и Унгарија ја одобри новата кинеска вакцина CanSinoBIO.
Се работи за векторска вакцина, слична на руската Sputnik V, но најголема нејзина предност е ДАВАЊЕТО НА САМО ЕДНА ДОЗА!
Еве начин МАКЕДОНИЈА, да ја ставиме на брзата лента за вакцинација.
Колеги Бујар Османи и Венко Филипче, пренасочете го авионот кон Пекинг, PLEASE!“