Дома Останато Проф. Трајковски: Како резултат на пикот во ноември и декември, имаме загубено...

Проф. Трајковски: Како резултат на пикот во ноември и декември, имаме загубено град со големина на Берово или Кратово

Loading...

Професорот по Механика од Битола, Дејан Трајковски, кој прави статистички анализи на официјалните „ковид“ бројки, во својот синоќешен статус на социјалните мрежи, дообјаснува свој претходен статус во кој наведува дека како резултат на вирусот, имаме загубено население во обем на помал град во државата:

„Морам да дообјаснам за оние коишто не разбрале како тоа до сега од ковид-19 сме изгубиле град со големина на Берово или Кратово.

Одвишната смртност за цела 2020 година, според билтените на Државниот завод за статистика изнесуваше малку над 5.000 лица. Од тој број 2.500 беа официјално починати од ковид-19, што е таканаречена објаснета одвишна смртност.

Останува необјаснетата одвишна смртност од 2.500 лица, кои умреле во ноември и декември, на врвот од есенскиот бран на епидемијата. Значи, не умреле поради нелекување од други болести, бидејќи знаеме дека болниците работеа со намален капацитет уште од март. Јасно е дека најголемиот дел од одвишната смртност се должи на ковид-жртвите од пикот на епидемијата.

Било како било, реалната смртност ја добиваме множејќи ја официјалната со фактор 2 (2.500 х 2 = 5.000). До денеска официјалниот број на ковид-жртви веќе се искачи речиси на 3.500, односно множејќи го овој број со факторот 2 доаѓаме до приближно 7.000 ковид-жртви – точно колку целокупното население на Берово или Кратово.

Билансот не е конечен, досега поминавме малку повеќе од половината од патот, а некаде во јули или август годинава од месечните билтени на ДЗС ќе добиеме подобра претстава за катастрофата што не снашла.

Само, се плашам дека дотогаш бројките ќе покажат загуба на население колку град со големина на Делчево или Свети Николе.“

Loading...