Дома Балкан Вучиќ со добри вести и за Македонија: Фабриката ќе ја изградиме за...

Вучиќ со добри вести и за Македонија: Фабриката ќе ја изградиме за еден месец, бенефит ќе имаат и соседите

Loading...

Српскиот претседател Александар Вучиќ, рече дека најважниот исход од неговата посета на Обединетите Арапски Емирати и Бахреин е договорот во врска со изградбата на фабриката за вакцини на кинеската компанија „Синофарм“ во Србија.

Вучиќ исто така најави дека првиот работен состанок по прашањето на фабриката ќе се одржи во понеделник, а ќе се разговара и за местото на изградбата, пренесува Танјуг.

„Ќе се состанеме да ја видиме логистиката и ќе се подготвиме да изградиме фабрика за помалку од еден месец“, рече денеска Вучиќ.

Тој додаде дека е убеден дека ова ќе ја направи Србија уште посилна и ќе им овозможи на нејзините соседи да имаат добри вакцини.

„Ќе можеме да се пофалиме дека станува збор за српска вакцина“, нагласи тој, додавајќи дека домашните експерти ќе бидат обучени дополнително.

Вучиќ најави дека ќе биде вакциниран во четврток или петок со кинеската вакцина.

„Дотогаш не можам да одам во Брисел. Немате идеја колку ми е жал и тешко за тоа, ужасно “, додаде Вучиќ, коментирајќи ја веста дека ЕУ може да донесе одлука за КОВИД пасоши и да ги препознае само оние вакцини што ги одобрила, без да ја признае кинеската.

Извор: Фактор

Loading...