Дома Свет Фаучи со добра вест за американците: До крајот на летото ќе го...

Фаучи со добра вест за американците: До крајот на летото ќе го видиме светлото на крајот од тунелот

Loading...

Најпознатиот епидемиолог од САД, Ентони Фаучи, изјави дека до крајот на летото или почетокот на есента ќе се забележи голем напредок во борбата против Ковид-19.

„Има светло на крајот од тунелот. До крајот на летото, на почетокот на есента, ќе видиме голем напредок“, изјави Фаучи за телевизијата „Ен-би-си“, пренесе Гласот на Америка.

Ковид однесе околу 530.000 животи во Америка, каде што околу 10 проценти од населението беше ревакцинирано.

Советникот во Белата куќа, Енди Слевит, за МСНБЦ изјави дека е сè поголем пооптимист дека земјата може да го заштити најранливото население.

„Треба да сториме повеќе и да ги забрзаме напорите во следните неколку недели и месеци за да го постигнеме тоа, а тоа ќе го слушнете и од претседателот“, рече Слевит.

До средата наутро во САД се распределени речиси 128 милиони дози вакцина, а примени се речиси 96 милиони, покажуваат владините податоци.

Loading...