Дома Македонија Два последователни земјотреси вечерва ја здрмаа Македонија

Два последователни земјотреси вечерва ја здрмаа Македонија

Loading...

Земјотрес со јачина од 4.9 степени според Рихтер вечерва ја стресе Македонија предмалку во 22 часот и 17 минути, а само неколку минути подоцна имаше уште еден нешто послаб земјотрес од 4.4 степени според Рихтер.

Според податоците на ЕМСЦ епицентарот на двата земјотреси беше на исто место на 18 километри југоисточно од Гостивар,

Земјотресите беше на длабочина од 2 километри и истите беа почувствувани и во Скопје. Засега нема информации за материјална штета.

Инаку овие два земјотреси не се единствените вечерва во Македонија. Претходно земјотрес со јачина од 3.7 степени според Рихтер ја стресе Македонија во 20 часот и 40 минути.

Според податоците на ЕМСЦ епицентарот на земјотресот беше на истото место или 14 километри југоисточно од Гостивар, во близина на село Србиново.

Loading...