Дома Македонија СДСМ ја поздравува најавата на Мицкоски дека ќе се откажат од бојкот...

СДСМ ја поздравува најавата на Мицкоски дека ќе се откажат од бојкот на пописот

Loading...

Позитивно е што Христијан Мицкоски најавува дека ВМРО-ДПМНЕ се откажува од идејата за бојкот на пописот закажан за април оваа година и СДСМ тоа го поздравува.

Очекуваме дека разумот ќе преовладее кај сите и дека по цели 19 години Република Северна Македонија ќе спроведе попис без мешање на политиката, солгасно стандардите и праксите на Евростат и Обединетите Нации.

Пописот е важна статистичка операција за прибирање на целосни, точни и релевантни податоци кои се основата за градење на стратегии и политики за натамошен развој на државата, економијата и општеството.

Секоја политичка партија има обврска пред државата и граѓаните да ги поддржи процесите, државата, институциите да добијат точни податоци за структурата на населението и домаќинствата, демографски податоци за општините и регионите а тоа е возможно само со спроведен попис согласно сите меѓунардони стандарди.

Loading...