Дома Останато Два дена пред Божик мајка му го оставила на гробишта и избегала...

Два дена пред Божик мајка му го оставила на гробишта и избегала – Судбината на Тони ќе ви го стопи срцето

Loading...

Жената која биле очевидец на настанот и го пријавила случајот во полиција, вели дека го забележала детето како плачејки трчало по синиот автомобил кој се оддалечувал од местото каде тоа било оставено…

За судбината на ова тригодишно дете веќе целиот свет дозна, а заедницата од местото каде живеело, во соработка со полицијата, се погрижила да му ја врати насмевката на лицето.

Имено, ова мало дете само два дена пред католичкиот Божик било оставено на гробишта со своето кученце. Заедницата во Охајо се дигнала на нозе кога на 23 декември било објавено дека полицијата пронашла тригодишно момченце.

Жената очевидец изјавила за полицијата, дека го забележала детето, идентификувано како Тони, како трча по еден син автомобил кој се оддалечувал од гробиштата, а пренесува Fox News. Тони веднаш бил сместен во хранително семејство во округот медина.

Инспекторите ги пронашле неговите родители, а од Центарот за социјална грижа изјавиле дека таткото бил “многу кооперативен” и соработувал со службите. Таткото не момчето се јавил во полиција кога еден член од пошироката фамилија ја видел фотографијата на неговиот син, а која ја објавиле локалните медиуми и веднаш го известил.

На инспекторите им рекол дека во времето кога момчето било напуштено, не било под негова грижа, туку дека било кај мајка му. Татко му на Тони и полицијата се вратиле на гробиштата и го фатиле кучето. Засега не е подигнато никакво обвинување против мајката на детето.

Оваа приказна за судбината на детето им го скрши срцето на луѓето кои ја слушнаа и видоа, па затоа набрзо се организирале и започнале да испраќаат подароци.

Со овие подароци луѓето од заедницата се надеваат дека барем малку ќе го развеселат момчето. На фејсбук профилот полицијата објави фотографија од собраните подароци и и’ се заблагодари на заедницата.

Loading...