Вчера порталот Фактор, објави вест дека Нов Зеланд е единствената земја во светот што досега целосно го елиминираше вирусот корона.
Според премиерката Јакинда Ардерн, оваа цел е постигната поради самата амбиција, но и поради внимателниот пристап, бидејќи дури и на почетокот на пандемијата, беше заклучено дека здравствениот систем нема да може да се справи со прогресивната епидемија, објави АП.
Одговорот на Нов Зеланд на појавата на КОВИД 19 и пандемијата беше меѓу најуспешните во светот, пред Кина, Тајван и Тајланд.
Оваа земја со пет милиони жители имаше 25 смртни случаи меѓу заразени пациенти и вкупно 2.100 позитивни, пишува Фактор.
На оваа вест реагираше нашата позната водителка, која веќе неколку години живее во Нов Зеланд, Хелена Роза:
„Значи не знам од каде е земена оваа вест за Нов Зеланд, но морам да реагирам, бидејки не е точна. И бидејки еден куп ме прашуваат дали е?
Па вака да искоментирам за сите во еден пост. ОВАА ВЕСТ НЕ Е ТОЧНА!!!!!
ВО НЗ во моментов има околу 43 активни случаи на ковид. Значи не сме ковид фрее. Бројката е мала, и да во НЗ е многу подобро отколку во Европа И УСА.
Но, незнам како новинариве што ја споделуваат веста како ги скокнале државите како: Бутан, Нова Каледониа, Камбоџа, Самоа и уште десетина кој според статистика имаат помалку активни но и вкупно случаи од НЗ. Значи Нов Зеланд не е ковид фри.“