Дома Економија Се има – се може: Секој Германец со себе или дома има...

Се има – се може: Секој Германец со себе или дома има кеш над 1000 евра

Според последните истражувања, во просек, луѓето во Германија чуваат повеќе од 1.000 евра во готово дома или во сеф.

Во оваа земја, луѓето се држат до банкнотите и монетите и покрај системите за дигитални плаќања. Според истражувањето на Bundesbank, Германците имаат во просек 107 евра во својот паричник, а 1.364 евра во готовина дома или во сефови, пренесува n-tv.

Loading...

Истражувањето спроведено меѓу 2.000 лица во 2018 година, чии резултати се сега објавени, не покажуваат дали однесувањето на луѓето се сменило во корона кризата. Немало следење.

Во меѓувреме, готовината се смета за безбедно засолниште во бурни времиња. Според податоците на централната банка, побарувачката за банкноти и монети значително се зголемила, особено на почетокот на кризата во Германија во март.

Соодветно на тоа, дошло и до мало зголемување на нето-издавањето на готовина во наредните месеци. Меѓутоа, податоците не укажуваат ништо за причините за тоа.

Според студијата објавена во најновиот месечен извештај на Bundesbank, заштедените средства биле многу нерамномерно распределени меѓу населението.

„Постарите луѓе, вработените со повисоки плати и самовработените во просек чуваат најголеми износи“, се вели во студијата.

Loading...