Дома Магазин Ја откри тајната што ја чувала скоро десет години: По нашиот прв...

Ја откри тајната што ја чувала скоро десет години: По нашиот прв бакнеж плачев, но не од среќа

Американската писателка Еванџелина Грејс откри тајна што ја чувала скоро десет години. Таа вели дека навистина го сакала сега поранешниот сопруг Џејден, но дека во тоа време не сакала да се врзува и воопшто не била возбудена за иднината со него.

Наместо да каже нешто, таа отишла по линијата со најмал отпор и направила нешто катастрофално – имала секс со друг маж во тоалетот на еден бар, само неколку дена пред нејзината свадба, на нејзината девојачка забава!

Loading...

„Иако навистина го сакав, јас бев застрашена од мислата дека треба да бидеме врзани едни со други засекогаш, така што тоа очигледно резултираше во мојата желба да изневерувам, како многу незрел потег“, признава Еванџелина.

Се сеќава колку била бесна за време на нејзината забава, бидејќи сè повеќе била свесна за тоа што треба да следи за неколку дена. Пиела многу, а додека се враќала од тоалетот, наишла на непознат маж со кого почнала да разговара, а наскоро се нашле во тоалетот и имале секс што таа го опишува како „разуздан и без срце“.

Таа решила да го преќути целиот настан и да се преправа дека ништо не се случило, па свадбата сепак била планирана, а таа не кажала на никој што се случило, пишува Дејли Меил.

“За време на целата церемонија ми беше мака, чувствував ужасен срам, особено кога го видов колку е среќен и горд. Едноставно не можев да му го скршам срцето. По нашиот прв бакнеж плачев, но не од среќа, иако му реков тоа е причината “, вели оваа жена.

Еванџелина ја чувала оваа тајна со години, сè додека нејзината пријателка Нина не забележала дека е сè повеќе несреќна, па ја принудила да се довери на неа, а Евангелина признала што со години ја мачи. Пријателката била многу разочарана и ѝ рекла дека веќе не смее да манипулира со Џејдан и дека ако Еванџелина нема храброст, тогаш таа ќе мора да му ја каже вистината.

Така и било, и Џејдан поднел барање за развод една недела подоцна.

„Мислев дека го штитам не кажувајќи му ништо, и тогаш сфатив дека тивко му го одземав правото да избере дали сака да биде со мене и покрај тоа што сум направила или не“, заклучува Еванџелина.

Loading...