Дома Магазин Ване Цветанов и Дунавка Трифуновска уживаат далеку од Македонија: Од срце ви...

Ване Цветанов и Дунавка Трифуновска уживаат далеку од Македонија: Од срце ви испраќаме гушки и поздрави од Турција

Познатата команекенка Дунавка Трифуновска очигледно ужива во летото. Таа на социјалната мрежа Инстаграм сподели слика со своето ново момче – Ване Цветанов, поранешниот директор на финансова полиција.

И покрај пандемијата, нашата Дунавка ужива на плажите во Турција заедно со својот нов избраник. Дали ова значи дека може да очекуваме прстен од Ване наскоро? Останува само времето да покаже.

Loading...

Но, затоа, пак, љубовта ја објасни Цветановски, кој воедно и се обиде и да им ја затвори устата на сите лоши коментари.

-Во принцип ретко објавувам приватни фотографии, но кога започнувам љубовна врска со жена во вистинска смисла на зборот, мојата врска ја објавувам јавно.

После мојата вчерашна објава се разбрануваа голем број на луѓе и следеа доста реакции. Повеќе од 95% беа позитивни честитки и посакување среќа.

Изразувам искрена благодарност за убавите честитки и коментари до сите кои што од срце се израдуваа и честитаа преку оваа прекрасна фотографија.

За оние 5% кои што имаат нејаснотии, им посакуваме да си ја пронајдат својата среќа. Од срце ви испраќаме гушки и поздрави од Турција, напиша Цветановски на својот профил на Фејсбук.

Loading...