Дома Македонија Процентот на новозаразени сепак паѓа – Филипче информира за последните 24 часа

Процентот на новозаразени сепак паѓа – Филипче информира за последните 24 часа

По последните два дена во кои процентот на нови позитивни од тестираните беше повторно над 10, денес Министерот за здравство информира за негово спуштање повторно под 10, што е добар сигнал дека вториот бран од пандемијата полека се смирува.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 99 оздравени пациенти и тоа од Скопје 49, Штип 2, Тетово 10, Струга 17, Охрид 15, Гостивар 2, Струмица 1, Кочани 1, Кичево 1, Ресен 1.

Loading...

Досега во земјата се направени вкупно 97550 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10315, бројката на оздравени пациенти е 5663, на починати е 471, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4181.

Во последните 24 часа се направени 1356 тестирања, а регистрирани се 102 нови случаи на ковид-19 и тоа од Скопје 39, Куманово 11, Штип 13, Прилеп 3, Тетово 2, Струга 2, Битола 6, Охрид 3, Кавадарци 3, Гостивар 8, Радовиш 1, Кочани 1, Демир Хисар 1, Македонски Брод 1, Виница 1, Свети Николе 3, Кичево 4.

Починати се 5 лица, пациент од Скопје, пациент од Кичево, пациент од Куманово, пациент од Прилеп и пациент од Штип.

Loading...