Дома Македонија По подолго време се огласи д-р Караџовски и проговори за регионите кои...

По подолго време се огласи д-р Караџовски и проговори за регионите кои моментално се најкритични во Македонија

Непочитувањето на мерките, не носењето на маска, не држењето на физичко растојание е тоа што ги загрижува здравствените власти.

„Имаме зголемен број на заболени во државата што е факт, непобитен факт имаме поголем број на починати лица меѓутоа состојбата е стабилна.

Loading...

Имаме болнички капацитети тие не се преполнети имаме резервни капацитети тоа нешто што не загрижува е едно континуирано непочитување на мерките од страна на населението и нешто што постојано го кажуваме дека институциите што треба да контролираат треба да казнуваат мора да си ја завршат својата работа“, вели за ТВ21 епидемиологот Жарко Караџовски.

„Населението треба да ни даде поддршка за да можеме да функционираме како држава во целина економскиот крах на државата ќе значи и крах на здравствениот сектор ние немаме нови здравствени работници ние сме тие што работиме без одмор без годишен одмор и за викенд функционираме така“, вели за ТВ21, епидемиологот Жарко Караџовски.

„Состојбата може да ја карактеризира како критична во неколку региони пред се скопските. Ние во последниве два месеца континуирано имавме меѓу 40 и 80 случаи вчера беа 52 она што загрижува во моментот се два региони кои што до минатиот месец беа Тетово и Гостивар или како што ние ги викаме во комисија полошкиот регион каде што имаме околу 315 илјади жители и каде што имаме неколку десетици случаи во последниве месец дена меѓутоа изненадува бројот на состојбата на заболени инфицирани во Штип“, изјави за ТВ21 епидемиологот Жарко Караџовски.

Loading...