Дома Останато По 86 дена борба со вирусот успеал да се извлече и сега...

По 86 дена борба со вирусот успеал да се извлече и сега сведочи низ се што поминал

Бабак Хосрошахи (61) беше примен во болницата на 22 март поради инфекција со коронавирусот, а по 86 дена беше конечно пуштен дома. Во една статија за БиБиСи, тој откри како изгледал неговиот престој во болницата и ја искористи можноста да се заблагодари на персоналот, на кого, како што вели, му го должи животот.

Хосрошахи вели дека воопшто не знае како се заразил, дека се грижел за себе, ги миел рацете и никогаш не патувал со јавен превоз. Се започнало еден петок, 13 март, кога неговата девојка дошла да го посети. Се чувствувал чудно, но само ја мерел температурата до следниот ден, што била 38,5 степени Целзиусови. Тој ја повикал службата за итни случаи и тие му рекле да почека уште една недела пред да повика брза помош. За тоа време, неговата температура била постојано висока и се чувствувал полошо.

Loading...

-Тешко ми беше да одам во друга просторија. Едвај станав од кревет за да јадам нешто, бев многу болен и тогаш еден пријател повика брза помош – вели Бабак.

На 22 март, тој бил примен во универзитетската болница Вест Мидлсекс во Лондон. Последното нешто што тој се сеќава е дека медицинската сестра му донела храна, пилешко и дека се борел да стави нешто во устата.

-Тоа е сè што се сеќавам. Оваа соба, последниот оброк. Се чини дека се јавив кај луѓето и испратив пораки до семејството, но исто така разговарав со докторот пред да ме стават во вештачка кома. Но, не се сеќавам на тоа. Три и пол недели подоцна, се разбудив во единицата за интензивна нега – вели Хосрошахи.

Додека тој бил во вештачка кома, тие ставиле трахестом за да може полесно да дише. Тој бил прикачен на респиратор. Левото белодробно крило колабрирало. Кога се разбудил, не прашал ништо, прифатил дека треба да биде таму.

-Се сеќавам како се прашував каде беа моите очила, бидејќи не можам да гледам без нив. Не можев да зборувам и бев доста збунет – вели поранешниот пациент.

Потоа, сестрите му дадоа тетратка за да запиува што му треба.

-Сакав да им напишам за да ми дадат вода, но имаше обични гребнатини на хартијата. Потоа ми дадоа табла со буквите, но кога сакав да ја покажам буквата „в“, ја покажав букватао до неа. Дури после неколку дена имав можност повторно да пишувам – вели Хосрошахи.

Во периодот што следел, тој постепено ги интензивирал движењата. Отпрвин му рекле да седне на работ на креветот, а потоа на столот, а потоа постепено ќе му помогнело да застане на нозе и да оди.

-На крајот, се шетав низ одделот со помош на бастун, се разбира, со помош на голема количина кислород – вели тој.

Физиотерапевтот тогаш му речол: „Добро, ова е како да истрча маратон“.

Некаде околу триесеттиот ден, физиотерапевтот му рекол да стане, но тој не можел и си помислил: “Дали некогаш ќе се опоравам?”

-Губив воздух, бев поврзан на машината, но следниот ден успеав да станам и физиотерапевтот рече: „Ќе излез од тука на свои две нозе“.

Оттогаш, тој сторил сè со една единствена цел: да излезе од болницата.

По 50 дена, тој бил пренесен во одделот за да се подготви за напуштање на болницата. Сепак, по два-три дена, тој почнал да се тресе и треската се вратила. Повикал медицинска сестра и по неколку секунди бил опкружен со лекари и бил однесен во Ургентниот оддел за подетален преглед. Се испостави дека имал инфекција.

-Една од причините зошто толку долго останав во болницата е тоа што мускулите на грлото ми се ослабени. Персоналот ги преработи вежбите за мене и го следеше мојот напредок. На крајот откриле дека сум доволно силен за да ја извадам сондата. Ме оставија да си одам дома како слободен човек, без цевки и жици на моето тело – вели поранешниот пациент и истакнува дека тој е длабоко благодарен на медицинскиот персонал.

-Не би бил овде ако не беа тие, тие се неверојатни. Ние се жалиме на нив, но кога ви требаат и кога сте во системот, ништо не е тешко за нив. Тие ми го спасија животот – вели тој.

Хосрошахи му порача на работодавачот дека наскоро нема да се врати на работа.

-Се гледам како човек кој е во пензија со една нога. Веќе го немам вирусот, тоа е сигурно. Но, последиците од тоа што веб во болницата … Јас се уште се опоравувам од нив и ќе треба уште малку време за тоа.

Вели дека сè уште губи воздух кога патува на кратки растојанија и дека сè уште јаде мека храна.

-Кога излегов од болницата, јадев само пасирана храна, бидејќи мускулите во грлото ми беа многу слаби. Оттогаш качив неколку килограми, но навистина ми недостасува вистинскиот ирански ќебап – вели Хосрошахи.

Loading...