Дома Македонија Она што се „шушкаше“ денес и Мицкоски го изјави – пратеници на...

Она што се „шушкаше“ денес и Мицкоски го изјави – пратеници на ВМРО се врбуваат да дадат поддршка на СДСМ?

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното интервју на телевизија Сител рече дека луѓе кои се претставувале во име на СДСМ им нуделе привилегии, пари и амнестии на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ за да преминат во нивната коалиција. Мицкоски рече дека таквите понуди биле одбиени.

Ја користам оваа можност во ова денешно интервју да проговорам отворено и за сето она што се погласно се шпекулира изминатите денови во јавноста а тоа се оние обиди да се тргува со пратеници од една или од друга или од трета страна.

Loading...

Јас можам да пренесам дека навистина се згрозувам од тоа што некои од пратениците ми го пренесуваат а тоа како им приоѓаат луѓе кои што се претставуваат од името на луѓето кои што се дел од раководството на СДСМ, па нудат разно разни привилегии за нив, за нивните семејства, се споменуваат шесто, седмо цифрени бројки изразени во евра, амнестии за судски случаи итн. Навистина сето тоа предизвикува брутално згрозување не само кај тие луѓе, туку и кај мене, вели Мицкоски.

Од прилика тоа е онаа иднина која што ја нуди оваа раководство на СДСМ предводено од Зоран Заев и ако некој има некаква дилема дека тоа се случува еве да ја нема, јас лично можам да ви кажам дека неколкумина пратеници кои што се дел од оние 44 а кои што се дел од Коалицијата за Обнова на Македонија веќе имаат искуство кои им приоѓаат и им го ветуваат тоа, па дури на крај да имаат средба со врвот на раководство на СДСМ, додаде Мицкоски.

Претседателот Мицкоски рече дека ваквиот обид за поткуп на пратениците е без успех укажувајќи дека е згрозен од постапката на луѓето кои што сакаат да ја прекројат волјата на граѓаните од овие избори.

Се разбила сите тие се брутално одбиени и згрозени, но исто тоа ми го пренесоа мене и јас навистина сум згрозен од ваквите постапки кои што овие луѓе ги прават, по насока на тоа да ја прекројат волјата на граѓаните од овие избори, истакна Мицкоски.

Loading...