Дома Свет Од ноќеска на полноќ при влез во Австрија на сила стапува ново...

Од ноќеска на полноќ при влез во Австрија на сила стапува ново правило – се соочувате со казна од 1450 евра

Во Австрија ноќеска од полноќ на сила стапија нови мерки за влез во земјата од т.н. ризични региони. Во тие земји спаѓаат сите држави од Западниот Балкан, меѓу кои и Македонија.

За австриските државјани, државјаните на ЕУ и на Швајцарија, како и сите државјани на трети земји, кои имаат дозвола за престој во Австрија, ќе мора да покажат негативен ПЦР тест, кој не смее да биде постар од 72 часа.

Loading...

Ако немаат ПЦР тест, ќе мораат во самоизолација кој се прекинува со ПЦР тест во рок од 48 часа направен во Австрија, на сопствен трошок. Доколку ПЦР тестот не се направи во рок од 48 часа, предвидена е казна од 1450 евра.

Германската покраина Баварија воведува станици за тестирање на Ковид-19 на граничните премини со Австрија.

Премиерот на Баварија, Маркус Седер изјави дека сака сите што влегуваат во Баварија да се тестираат, а се залага и во Берлин да биде усвоена законска основа за обврзно тестирање на патниците при влез во Германија.

Седер бара да се тестираат сите патници кои влегуваат во Германија по копнен, железнички или воздушен пат.

Тој додаде дека Баварија се подготвува да почне со обврзното тестирање откако сојузната држава ќе создаде законски услови.

Loading...