Дома Магазин Нашинец од Швајцарија ја разнежни Македонија – анонимно подарил куќа на самохрана...

Нашинец од Швајцарија ја разнежни Македонија – анонимно подарил куќа на самохрана мајка со 4 деца

Хуманитарната организација „Класје на добрината“ огранокот во Кичево, во јавноста стана позната по бројните хуманитрани акции за помошо на повеќе лица.

Пред извесен период делеше хуманитарна помош пред Рамазан за вкупно 650 социјално за грозените семејства од општините Кичево и Пласница. Претставникот од „Класје на добрината“ од Кичево, Мухамед Мехмеди информира дека помошта се состои од прехрамбени продукти, хигиенски средства , брашно, батаци и компири , наменето првенствено за децата без родители, но и за други социјално загрозените семејства.

Loading...

Појасни дека се работи за донација од кичевци кои работат во Швајцарија но и од фирми од кичевско кои собраа средства за околу 650 семејства. Според него активностите ќе продолжат со помагање на ранливите категории на семејства , особено за време на светиот месец Рамазан

Самохрана мајка на четири малолетни деца доби куќа во Кичево, благодарение на анонимен донатор. Куќата има површина од 65 квадратни метри и дворно место од 200 квадратни метри.

Хуманитарната организација „Класје на добрината“, огранок во Кичево, информира дека се работи за семејство во не волја, кое било без сопствена куќа.

Идентитетот не сакаа да го објават со цел, како што велат, да ги почитуваат принципите на хуманизмот.

Оваа куќа, нашата организација ја обезбеди благодарение на поддршката и финансискиот придонес на еден наш сонародник од Кичево, кој живее и работи во Швајцарија.

Тој ја купи оваа куќа со намера да ја донира од кога дозна за маките на оваа семејство. Целата процедура одеше преку нашата организација, затоа ние во име на организацијата се заблагодаруваме на донаторот што сака да остане анонимен.

Му се молиме на Бога да го заштити него и неговото семејство и да ги награди, објави канцеларијата за односи со јавност при огранокот на Хуманитарната организација „Класје на добрината“ во Кичево.

Loading...