Дома Македонија Мицковски за Универзална: Клошари смешни, се утепавте од сликање пред избори (ФОТО)

Мицковски за Универзална: Клошари смешни, се утепавте од сликање пред избори (ФОТО)

Ивор Мицковски:ГТЦ им беше симбол пред падот на режимот.
Нацртаа неколку графити, направија булшит градина од пола милион евра, бапнаа дури и лифт покрај култните скали, па ги откажаа.

Универзална им беше симбол за пред последните локални избори, па ветуваа секоја година, еве само што не сме почнале со реновирање имаме пари, сега викаат – руши ја.

Loading...

Се прашува човек, ќе дојде утре време за МСУ да се реновира, тој денес им е омилен за партиски трибини и срања, што би правеле тогаш, би го рушеле? Некоја убава летна сцена како би легнала таму ко видиковец.

И ќе излезе некој паметњакович и ќе каже: Абе Универзална нема везе, времен објект беше, и онака ќе се рушеше, не вреди ко другите.

Ако служела преку 50 години, и станала културен симбол на градот, и ако е дотраена до степен да не може да се реконструира, а нема што не може, изгради ја од ново, ќе трае уште 50 години. Клошари смешни, се утепавте од сликање пред избори.

А убава е вака ко позадина и симболика за партиски трибини.

Loading...