Дома Македонија Мицкоски не се откажува – на Германската амбасадорка и посочил дека прави...

Мицкоски не се откажува – на Германската амбасадорка и посочил дека прави напори за формирање влада

Статус на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски:

Oстварив средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија, г-ѓа Анке Холштајн. На средбата разговарвме за актуелната политичка состојба, изборите и идните стратешки приоритети.

Loading...

Посочив дека изборите кои поминаа не може да се оценат за фер и демократски бидејќи власта спроведе низа прекршувања, поткупи и неправилности во текот на гласањето со што сериозно се нарушува демократскиот фундамент на изборите. Државата доби и сериозни забелешки за изборите нотирани од мисијата на ОБСЕ.

Освен тоа што власта го осиромаши народот и ја втурна Македонија во тешка финансиска криза, спроведе организиран поткуп тежок неколку милиони евра. Со ваквото однесување се докажа дека власта прави озаконување на криминалот и корупцијата како главен супстрат на нивното делување.

Потенцирав дека врз основа на добиената доверба од граѓаните и верувајќи во принципите и вредностите кои беа елаборирани од страна на Коалицијата за обнова на Македонија.

Правиме напори за формирање на ново парламентарно мнозинство што ќе значи зафаќање со сериозна работа за надминување на тешката криза во која се наоѓа државата.“

Loading...