Дома Балкан Македонија до крајот на годината праќа војска во Косово

Македонија до крајот на годината праќа војска во Косово

Денес пристигна вест која вели дека нашата држава до крајот на тековната години ќе испрати војска во нашиот северен соседе Косово.

До крајот на оваа година еден армиски вод и штабен персонал на Армијата на Република Северна Македонија ќе станат дел од мисијата на НАТО во Косово – КФОР.

Loading...

Владата денеска ја усвоила информацијата за учество на македонската армија во оваа мисија и го задолжила Министерството за одбрана да преземе мерки за распоредување 45 припадници на војската во Косово.

„Владата го задолжи Министерството за одбрана да преземе потребни мерки и да ги регулира сите прашања со надлежните институции на НАТО и КФОР.

За распоредување единица во јачина на еден вод и штабен персонал (вкупно до 45 лица) во операцијата КФОР на Косово до крајот на 2020 година, и да ја извести Владата за преземените мерки во врска со учество на Република Северна Македонија во операцијата на НАТО во Косово – КФОР најдоцна до 15.12.2020 година“,се вели во владиното соопштение.

Ова е прво учество на припадници на македонската армија во мисијата на НАТО во Косово – КФОР. Република Северна Македонија на 27 март оваа година стана 30. членка на НАТО-алијансата.

Loading...