Дома Македонија Како на филм: Среде центарот на градот – Кочанчанец измамен од лажни...

Како на филм: Среде центарот на градот – Кочанчанец измамен од лажни Арапи за 1500 евра

Интересна и мошне невообичаена вест ни пристига од Кочани, а целиот настан се случил во текот на вчерашниот ден, па сега полицијата ќе треба да го расветли целиот случај.

Во дневниот билтен на СВР Штип се наведува: На 27.07.2020 во 11.00 часот во Полициската станица Кочани, Ш.Џ.(68) од Кочани пријавил дека околу 10.00 часот на ул.„Кеј на револуција“ во Кочани бил измамен од две лица.

Loading...

Според пријавеното, едно од лицата му побарало 1.500 евра за да му ги покаже на другото лице, кое го претставил како Арап, а со цел да исплати оштета за сообраќајна незгода бидејќи не ги познавал еврата.

Според пријавата, откако Ш.Џ. ги дал парите на другото лице, тој отишол до возилото за да ги покаже на неговата сопруга, а како гаранција му оставил две златни нараквици.

Ш.Џ. почекал некое време, пошто се посомневал дека е измамен и заминал во златара каде му кажале дека нараквиците не се златни.

Притоа се информира дека се работи на расчистување на случајот.

Loading...