Дома Македонија Јоци до Јелена Жугиќ: Добро ма, не те научија ли на факултет...

Јоци до Јелена Жугиќ: Добро ма, не те научија ли на факултет како да задржиш фокус

Јорданка Ивановска Јоци: „Последна репортажа за Универзална сала ми беше некаде пред 15 години и имаше наслов – ,,Паѓаат прозорци од гласна музика врз главите на публиката”.

Проблемот е што оваа сала требаше да се урне уште во 1980 година, така беше и замислено, таа е монтажен и привремен објект, не е цврста градба. Нема паркинг решение, коли се паркираа по улици и врз глави на пешаци. Таму и во моментов и без неа е хаос секој ден.

Loading...

Нешто како Драмски театар, кој, тече од сите страни, ништо внатре не функционира и труе на мувла, но ете – и тој не го даваат. И тој е привремен објект, кој стана вечен.

Универзална е бугарска донација, но поради недокваканост на властите тогаш стана – вечна и единствена сала. Не требаше да се остави до 2020 да служи како сентимент – руина и да се дебатира околу тоа. И уште одозгора да ја сметаат луѓе за споменик кој не смее да се мрдне од таму по ниеден основ.

А, вмројнине, кои сега бесрамно се јавуваат во соопштенија за да бранат нешто кое заради нив не работи пет години, за 11 години, повеќе пари истрошија на проекти, можеби 1 мил.евра, отколку на акција и решавање на проблемот.
Конечно нека се јават архитекти и нека кажат како понатаму.“

„Се јавила Жугиќ да ја брани Универзална. Значи, ептен сериозна стануе работава. Него зборела, зборееела и на крај зела се пофалила на прес кој им бил свикан за Универзална колку премиери имала како грујова директорка⁉️

Добро, ма…што има врска Универзална сала со твоето директорување во Театар Комедија пред 187 години⁉️ Ти фокус имаш кога држиш прес?

Нели ве учеа наменски на тоа ФДУ како да задржите фокус. Тоа му доаѓа исто ко во една претстава да измешаш дијалози од друга претстава. Хаос.“

Loading...