Дома Свет Иако бројот на нови случаи е мал, сепак се воведува двонеделен карантин...

Иако бројот на нови случаи е мал, сепак се воведува двонеделен карантин во третиот град по големина во Виетнам

Виетнам денеска прогласи двонеделен карантин во третиот град по големина во земјата, откако биле потврдени уште 15 случаи на заразени со коронавирус во болниците, соопшти Владата.

Заразени се неколку пациенти и здравствени работници во болницата „Да Нанг“ во истоимениот град.

Loading...

Јавниот превоз од и во градот Да Нанг е откажан. За илјадници, повеќето виетнамски туристи, заврши одморот во тоа популарно летувалиште на брегот на Јужното Кинеско Море.

Властите процениле дека неколку стотина луѓе поради откажаниот превоз ќе бидат блокирани во Да Нанг и затоа побарале од хотелите да им овозможат сместување.

Виетнамската Влада во неделата наложи затворање на сите оние претпријатија кои не извршуваат неопходна дејност и побара од луѓето да држат физичка дистанца во градот, каде живеат повеќе од еден милион жители.

Досега во земјата се регистрирани 531 заразен со Ковид-19, а нема ниту еден смртен случај.

Loading...