Дома Македонија Христијан Мицкоски ги разреши сите дилеми – се изјасни дали ќе поднесе...

Христијан Мицкоски ги разреши сите дилеми – се изјасни дали ќе поднесе оставка

По завршувањето на предвремените парламентарни избори, кои се одржаа пред две недели, ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски се свртеа кон внатрешните состојби во партијата.

Тие го сменија статусот и ја избришаа позицијата почесен Претседател на партијата, која досега им припаѓаше на двајцата поранешни Претседатели на партијата, Љубчо Георгиевски и Никола Груевски.

Loading...

Денес, Христијан Мицкоски, за првпат по изборите гостуваше на медиум, даде интервју за ТВ Сител.

Мицкоски се осврна на моменталните состојби во политиката и ги потврди шпекулациите кои се вртат во јавноста дека СДСМ се обидува да привлече пратеници од опозијата на нивна страна, дури, како што рече Мицкоски се нудат големи пари, но и амнестии во судски процеси и разни други нешта.

Мицкоски нагласи дека тие како партија, нема да влезат во власта по секоја цена, ниту ќе преговараат со пратеници по материјалстички основи како што работи СДСМ.

На прашање на новинарката, дали ќе си опстои на даденото ветување дека ќе си даде оставка доколку ги загуби овие избори, Мицкоски одговори:

-ВМРО-ДПМНЕ на овие избори освои 40 пратеници, додека СДСМ 32, доколку не ги сметаме коалициите. Но сепак, јас во мојот живот држам до принципите. Но после поддршката која акламативно ја добив од Унијата на млади сили, Унијата на жени, на ветерани и од сите партиски структури, објавувам дека со задоволство ќе ја водам и во иднина партијата.

Уште повеќе, што во овие моменти ВМРО-ДПМНЕ се ослободува од својот последен, терет, багаж, тоа се оние слуги на Зоран Заев, кои од исклучиво личен интерес бараат оставка од мене, рече Мицкоски во интервју за Сител.

Интервју со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за сите отворени прашања

Интервју со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за сите отворени прашања

Публикувахте от Сител ТВ в Вторник, 28 юли 2020 г.

Loading...