Дома Балкан Вучиќ зборува кинески – бесценето ВИДЕО

Вучиќ зборува кинески – бесценето ВИДЕО

Претседателот на соседна Србија, Александар Вучиќ во обраќање пред медиумите во декември минатата година, се обидува на кинески јазик да го поздрави претседателот на Кина Си Џинпин.

Loading...

Воедно тој најавува дека во април 2020 ќе ја посети Кина. Секако, до оваа посета не дојде поради добро познатите настани со Корона вирусот, но Кина беше една од првите држави кои и помогна на Србија во текот на пандемијата со Ковид-19.

Навистина симпатични се обидите на високите политички претставници на земјите од регионот, кои се обидеуваат да направат чест и да го поздрават пријателскиот народ од друга држава.

Последен таков настап имаше техничкиот премиер на Македонската влада Оливер Спасовски, кој на ромски јазик го честиташе празникот на Ромите во Македонија.

Поранешниот премиер Никола Груевски, исто така не пропушташе прилика на Албански јазик, да го честита некој од верските празници, или денот на Албанската азбука.

Loading...