Дома Балкан (ВИДЕО) Најпознатиот балкански Јутубер, Бака Праса одлепи по македонска песна која воопшто...

(ВИДЕО) Најпознатиот балкански Јутубер, Бака Праса одлепи по македонска песна која воопшто не е позната

Во моментов најгледаниот и најпознатиот балкански јутубер, Србинот Богдан Илиќ познат како Бака Праса во најновиот клип, објавен синоќа ги изненади своите фанови во Македонија.

Loading...

Тој со својот другар, инаку исто така познат јутубер, Чода снимаше на темата „Најдобри пејачи за кој никој никогаш не слушнал“.

Во неколкуте песни кои ги слушаа и ги коментираа, а притоа останаа воодушевени беше и онаа на пејач од нашата држава под прекар Пајак и неговата песна Хелбој.

„Пајак, Хелбој, Македонец кој ништо не го разбираме како да зборува на некој тунгузиски, но тоа не е битно бидејќи музиката е одлична“, кажа Бака Праса, на што се придодаде Чода кој рече: тие нас не разбираат, на што Бака одговори:

„Да,тоа е неверојатно, а јас нив ништо не ги разбирам. Ми пишува риба од Македонија, а јас се губам, а таа е толку добра.

Loading...