Дома Балкан (ВИДЕО) „Хелсинки“ од „Ла Каса де Папел” го праша нашиот кошаркар Нено...

(ВИДЕО) „Хелсинки“ од „Ла Каса де Папел” го праша нашиот кошаркар Нено како е во Македонија

Хувентуд пред неколку дена на својот официјален “Фејсбук” профил најави дека кошаркарите ќе се дружат со Дарко Периќ.

Loading...

Српскиот глумец, познат по улогата Хелсинки во мега-популарната серија “Ла Каса де Папел” денеска разговараше со македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ.

Секако првите прашања беа во контекст со пандемијата коронавирус.

Нено остана во Бадалона, па вели дека не е лесно, но дека постојано разговара со своето семејство и пријателите, дел од времето го минува во одржување на формата.

“Уф не е лесно. Преку интернет постојано сум во контакт со семејството и пријателите. Ја одржувам формата, имаме програма по кој работиме”, рече Нено.

Периќ го праша како е во Македонија со Ковид-19?

“Во Скопје имаат мерки, полициски час”, на кратко објасни Нено, кој пак откри дека негов омилен лик од Ла Каса де Папел е Професорот.

Loading...