Дома Македонија Уште една најава за купување респиратори пропадна: Филипче ги најави, но нема...

Уште една најава за купување респиратори пропадна: Филипче ги најави, но нема да пристигнат

Двете компаниите кои го добија тендерот за набавка на 31 респираторна машинa, не известија дека нема да бидат во можност да ги испорачаат респираторните машини согласно договорот.

Loading...

Заради ова, јавната набавка се поништува и ќе биде повторно распишана. Во меѓувреме, Република Северна Македонија доби 12 респираторни машини од Европската Унија со што се надополнија посточеките капацитети.

Вклучувајќи ги новите машини коишто пристигнаа, во здравствените институции ширум земјата во моментот има на располагање преку преку 130 респираторни машини.

Во моментов на респираторна машина има приклучено вкупно 11 пациенти, со што капацитетите се исполнети нешто помалку од 10%.

Како што е познато, ова е уште една во низа најави за купување на респиратори која паѓа во вода иако Венко Филипче на неколку наврати во изминатите месеци најавуваше исто така дека се набавени и се чека испорака, па пота информираше дека се задржани во Бразил, па на крај дека тендерот е поништен.

Наводно 25 респиратори донација од Норвешка биле задржани и во Турција, а лидерот на СДСМ, Зоран Заев најавуваше купување на вакви машини од Израел.

Loading...