Дома Свет Треба да имаш Ковид-19 пасош за да се вратиш на работа? СЗО...

Треба да имаш Ковид-19 пасош за да се вратиш на работа? СЗО се изјасни за оваа идеја

Некои земји во светот предлагаат веќе инфицираните граѓани со корона-антитела во крвта да добијат еден вид Ковид-пасош, за да можат на пример порано да се вратат на работно место.

Но, според СЗО, претпоставката дека антителата во крвта значат имунитет против вирусот, уште не е доволно научно фундирана. „Во моментов не постојат никакви докази дека луѓето кои се опоравиле од Ковид-19 и имаат антитела, се заштитени од втора инфекција“, истакнува СЗО.

Loading...

Во светот се во употреба различни тестови за докажување присуство на антитела, но нивната точност и доверливост мора и натаму да се проверува. Квалитативно фаличните тестови не можат да докажат антитела кај инфицирани луѓе.

Кај луѓе, кои никогаш не биле инфицирани со новиот вирус САРС-КоВ-2, со фалични тестови може да биде погрешно детектирано постоење на антитела. Причината е што овие тестови веројатно реагираат на некои други коронавируси, кои се веќе одамна познати и предизвикуваат сосема нормална настинка.

СЗО поддржува развој на тестови кои ќе дадат увид во тоа колкав процент од населението кај себе веќе има произведено антитела против вирусот САРС-КоВ-2.

„Но, најголем дел од овие тестови не се соодветни за да потврдат дали овие луѓе би биле имуни на повторна инфекција“, пишува СЗО.

Целиот текст прочитајте го на дв.ком.мк

Loading...