Дома Балкан Србија ќе и испрати помош на Италија – Вучиќ лично ќе го...

Србија ќе и испрати помош на Италија – Вучиќ лично ќе го испрати авионот

Италија е најпогодената држава во Европа, од вирусот Ковид-19. Уште на почетокот од март, оваа земја се соочи со многу заразени, а во еден момент здравствениот систем го надмина својот максимален капацитет, па лекарите беа доведени во ситација да прават дури и тријажа.

Loading...

Иако и самата погодена од пандемијата на коронавирус, поради која речиси секојдневно прима заштитни средства и опрема од Кина, од Русија и од Европската унија, Србија денеска ќе ѝ испрати медицинска помош на Италија.

Како што соопшти прес-службата на претседателот Александар Вучиќ, помошта ќе биде испратена во 12:30 часот од аеродромот „Никола Тесла“ во Белград, а ќе присуствува и шефот на државата.

По состанокот со претставниците на ЕУ и со амбасадорите на земјите-членки на Унијата, Вучиќ им откри на новинарите дека разговарал со гувернерот на италијанската покраина Венето, Лука Ѕаја, нудејќи му поддршка на неговиот регион кога му е тешко и важно.

Вучиќ појасни дека Србија во моментов има нешто повеќе заштитна опрема отколку што ѝ е неопходно, дури и нешто повеќе респиратори од потребното, па е подготвена, ако тоа го побара која и да е членка на ЕУ, да им ги испорача во рок од 12 часа.

Извор: Експрес

Loading...