Дома Македонија Семејство во Скопје со две годишно дете окткако остана без дом живее...

Семејство во Скопје со две годишно дете окткако остана без дом живее во шатор во парк

Во мал шатор, со двегодишно дете и во парк, без ништо. Вака живее семејството Вели веќе пет дена. Поради тоа што немале средства да платат кирија, останале без кров над глава.

Но малата Еџе не знае дека останала без куќа но со подготвените куфери бара да се врати во нивниот дом.

Loading...

Нејзината мајка вели дека Еџе се плаши од едно животно кое го нападнало шаторот.

„Многу се исплашивме, и мислевме дека е некоја дива свиња, бидејќи така ни изгледаше од сенката, многу се исплашивме, не разбуди од сон. Таа ноќ многу тешко спиевме, тоа е тоа што да направиме-вели мајката на Еџе Вели.

Кога излегле од куќата каде живееле, имале само 35 евра, за 20 евра купиле шатор, а со останатите 15 евра се обиделе да купуваат храна.

И таткото Дрилон израснал како сираче, кога имал 6 години му починале мајката и таткото. Тој е од Дебар но како дете без родители, Центарот за социјална работа го донело во Скопје.

Маките на Дрилон не завршија, пред неколку дена останале без кров над глава и беа храна.

Целата сторија со видео прилог проследете ја на ТВ 21

Loading...