Дома Балкан Познато е од кога до кога ќе трае туристичката сезона во Грција...

Познато е од кога до кога ќе трае туристичката сезона во Грција ова лето

За една од земјите која зависи од туризам, Грција, туристичката сезона ќе трае три месеци, од јули до септември, вели министерот за туризам Хари Теохарис.

За да може да се летува во Грција потребен ќе биде „здравствен пасош“ кој ќе биде доказ дека лицето кое патува не е заболено од Ковид-19. Но сепак оваа идеја сè уште не е целосно разработена.

Loading...

„Различни земји ќе треба да се согласат со овој начин на ‘безбеден влез и излез од Грција’ и затоа предложив Европската Комисија да воспостави ваков здравствен протокол“, вели Теохарис.

И грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, ја повика Комисијата да се повлече забраната за патување „во најбрзо можно време“.

„Мора да постигнеме заеднички договор за движењето на луѓето“, изјави тој, пренесува Еуроактив. Мицотакис додава дека треба да се покаже и демонстративна поддршка за туризмот.

Според студија објавена од грчката Комора на хотели, владино тело кое ги претставува хотелиерите, 65 % од сопствениците на хотели сметаат дека нивниот бизнис веројатно или многу веројатно ќе банкротира.

Претседателот на Комората, Александрос Василикос, за Бизнис инсајдер вели дека не е шокиран од резултатите на истражувањето.

Loading...